Голема полициска акција во Западна Македонија. Според првичните информации од МВР приведени се околу 15 лица меѓу кои двајца командири на граничната полиција и неколку полициски службеници.
Акцијата е дел од борбата против организираниот пограничен криминал – круимчарење на добиток, над 1000 грла добиток од Македонија нелегално биле пренесени во Албанија.
Извршени се претреси во повеќе домови, при што се пронајдени пари, оружје и муниција.
Од МВР велат дека повеќе детали за акцијата во текот на утрешниот ден.