Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голема забава на Плажа Оревче во Охрид со познати светски танц ѕвезди

0
By Нова ТВ on July 30, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Dy-na-mix од Лондон во партнерство со Плажа Оревче од Охрид, и ова лето организираат забава насловена ‘After dark’ којa ќе се одржи на 1 август и на која ќе гостуваат неколку еминентни имиња од светската музичката танц сцена.

Anja Schnеider DJ, радио презентер од Берлин, ко-сопственик на легендарната музичка етикета Mobilee, креативна сила и ментор на голем број звучни имиња како: Pan Pot, Sebo K, Maya Jane Coles итн. Една од ретките дами во електронската музичка индустрија со над 20 годишно искуство, која неуморно се стреми кон споделување на страста кон музиката преку нејзината издавачка куќа, радио-брановите и неделните DJ настапи по светот, при тоа успешно жонглирајќи помеѓу семeјството и кариерата.

Mihai Popoviciu од Романија е еден од најиновативните имиња од Источна Европа кој од неговото прво издание за International Gigolo Records во 2005, се појавува со изданија на респектирани музички куќи како Fear of Flying, Diynamic, Poker Flat и Highgrade од Берлин. Mihai е еднакво добар и успешен DJ колку и продуцент, а ова лето тој и Anja за парвпат ќе настапат во Македонија како дел од музичкиот настан на Плажата Оревче во Охрид.

Eddie Richards, типичен пионер на танц музиката и „британскиот основоположник на хаусот и техното“ (Mixmag) е еден од првите диџеи кои ја промовираа хаус музиката во осумдесетите и кој израсна во клучна фигура на новото музичко и културно движење во светски рамки. Eddie Richards се истакнува како лидер на моментално феноменалниот пазар на тек-хаус звукот, но во реалноста тој само пушта застрашувачки добра музика која со децении ги придвижува подиумите низ светот.

Забавата почнува во 23 часот, влезниците се со ограничен број и се продаваат во Плажа Оревче во Охрид, Кафе Кино Карпош и Радио Бар во Скопје по цена од 800 денари.

Вечерта ќе ја отвори Илина Ангеловска од Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.