Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Големи очекувања од словенечкото претседателство со ЕУ, одложувањето на преговорите голема геостратешка грешка

0
By Нова ТВ on March 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев има големи очекувања од словенечкото претседавање со ЕУ кое почнува од 1 јули, годинава. Тој во интервју за словенечко „Дело“ изразува верување дека како земја членка на ЕУ, која недвосмислено ја реафирмираше својата определба за проширување со земјите од Западен Балкан, Словенија ќе направи сѐ што треба ЕУ да не ги изгуби европските вредности и принципи и ќе продолжи да ја испраќа кон земјите кандидати пораката за поддршка за членство. Ако некој заслужил да добие поддршка на следниот чекор на патот кон ЕУ, тоа е Северна Македонија, вели тој.

-Точно е дека со неодобрувањето на преговарачката рамка Северна Македонија губи драгоцено време, но сметам дека единствената исправна европска реакција е да се засилат барањата за да се почитуваат европските вредности и мислам дека Словенија ќе го заземе овој став за време на претседавањето со ЕУ и дека тоа ќе биде од огромен придонес за нов импулс во процесот за проширување на Унијата, вели Заев.

Премиерот Заев во интервјуто порачува дека Северна Македонија е со поглед кон иднината и како пријателска земја така гледа и кон сите свои соседи.

-Во таа насока, недвосмислени се нашите очекувања, а и очекувањата на целиот Западен Балкан, дека за време на словенечкото претседателство, треба да има видлив исчекор за нашата земја и за регионот кон ЕУ, потенцира претседателот на Владата Заев во интервјуто за електронското издание на „Дело“.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пак, во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ и магазинот Еурактив, кое го пренесува МИА, изјави дека Северна Македонија стана лакмусов тест за кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ, и затоа преговорите за нејзино пристапување во Унијата не смеат и понатаму да се одложуваат.

– Одложувањето на почетокот на преговорите, кои ја засегаат и Албанија, би било сериозна геостратешка грешка бидејќи ќе има последици за целиот балкански регион, нагласува Османи.

Напредокот на Северна Македонија во прифаќањето на различностите, помирувањето и односите со соседните земји, според него, треба да се гледа како репер за регионот и да биде награден. Поради тоа, вели Османи, многу е важно ЕУ да најде начин да ги започне пристапните преговори без понатамошно одложување.

Во однос на ветото од Софија, Османи, сепак, е уверен дека по парламентарните избори во Бугарија во април ќе се отвори патот за порационален пристап што ќе овозможи решавање на билатералните разлики.

Според Османи, сите земји-членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија, го поддржуваат текстот предложен од Европската комисија за рамката за преговори со која формално ќе се воспостави пристапниот дијалог.

– Важно е текстот на преоговарачката рамка да биде усвоен што е можно побрзо, и се надеваме дека тоа ќе се случи на Европскиот совет закажан за јуни, вели Османи, кој во четвртокот во Мадрид се сретна со шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја.

На средбата Гонзалес Лаја го уверила дека Шпанија ќе ја поддржува и помага Северна Македонија во процесот на преговори за прием во ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.