Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Големиот лидер Христијан Мицковски

0
By Биљана Секуловска on February 24, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секако дека Христијан Мицковски е голем лидер. И не само на ВМРО-ДПМНЕ, да не го ограничуваме во големината, која препознава титани од светски размери.

За разлика од Заев, кој е секако мал, ако не и најмалиот лидер во историјата на човештвото.

Големиот Мицковски го гледав на дебатна емисија на 24 вести и да, тој изгледа растревожено за крвавиот четврток, 27 април, но само затоа што, ах, ох, ех, го крева гласот дека маченици патриоти  биле во притвор.

Како може, вели тој- да ги имаме во притвор најдобриот оперски пејач, актер, шест пратеници, инжинери, зарем такви можат да бидат терористи, ламентира тој за нечовечката пресуда- притвор.

Има право големиот лидер Мицковски, во притвор можат да завршат само машинобравари, работници, возачи на шлепери, најниската можна класа на која по дефиниција и припаѓаат затворските пранги, никако не може да заслужат мрачни ќелии виртуози во своите професии. А, да, и секој заслужуваше бесконечен притвор во последните 10 години на владеењето на најголемиот лидер- Груевски, сепак далеку поголем и позначаен лидер од Мицковски, секој заслужуваше притвор и потоа затвор, секој кој беше оквалификуван како политички затвореник во извештаите на меѓународните институции и организации.

Малиот Заев, заедно со уште помалата Шеќеринска и најмалиот Села, се безначајни, ситни трошки кои за малку избегнаа да бидат убиени, а секунди и милиметри ги делеа од ликвидација, но крвавиот четврток според големиот лидер Мицковски, не бил никаков масакр.

Ајде, бидете сериозни, тој збор масакр него го навредува, ве молам, имајте  ниво, делува претенциозно- вели тој, веројатно затоа што не се доволни за него последиците на крвавите глави на безначајните, мали и неважни, Села, Шеќеринска, Заев.

Големиот лидер Мицковски вели дека на 27 април се избрал нелегитимен претседател на Собранието, но не знае дека имало пукање во Собранието, тогаш кога обезбедувањето се обидуваше да го одбрани неважниот Заев од напаѓачите, чија цел беше токму тој. Тој ништо не знае, не видел, не чул, затоа и не проговорува. Големиот лидер Христијан Мицковски.

Конечно, големиот лидер Мицковски и не го знае ставот на неговата партија за крвавиот четврток, едноставно- вели тој- не го знам напамет. Не е вредно за повторување, ниедна осуда, ниеден мек збор, ниедна човечка благост.

Затоа и не слушнавме од големиот лидер Мицковски жалење, ниту извинување од името на неговата партија, за пролеаната крв на, како тој вели- мирниот протест, но тој не знае дека потоа прерасна во ноќ на долгите ножеви.

Така се создаваат големи лидери, така се коваат, растат и се устоличуваат, само така, кога не сакаат да знаат дека мора да побараат простување, за да дојде до помирување, пружање рака, да се заборават сите зла, сите неправди, сите крвави и несреќни денови, да го погледнат довчерашниот лут непријател,  да ја погледнат јавноста која гледаше, слушаше и говореше, да ја погледне Мицковски право во очи, да признае како веќе така понатаму не може, не смее, затоа што мора да се има некаков пат, заеднички, достоинствен, макар и најмалиот, макар за почеток и со најситниот чекор.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.