Што се крие во случајот „ортопедски помагала“? Зошто ФЗО молчел цели шест години додека била оштетувана здравствената каса? Дали истрагата ќе се прошири на вработени од ФЗО? За ова, како и за хаосот со набавката на ортопедски помагала со кој се соочуваат пациентите, откако ФЗО ги раскина договорите со фирмите кои ги произведуваат, говорат Дејан Гацов, поранешен портапарол во ФЗО и Оливера Доневска, мајка на Мартин кој боледува од церебрална парализа и жената која му испрати потресно писмо на екс-премиерот Никола Груевски.
Од Фондот за здравство не испратија свој претставник иако беа уредно поканети.