Седумдесет и двегодишната Андонија Наумова двесет дена чека да дојде на ред на закажаниот термин за да го сними скршениот колк. Андонија дојде час и половина пред снимањето, но беше вратена од Клиниката за ренгенологија бидејќи апаратот се расипал.
Старицата беше препратена да оди на снимање во Градската општа болница (поранешна Воена), без изглед дека и таму ќе биде примена бидејќи нема закажано термин.
Апаратите на скопските клиники често се расипуваат. Кога ја сретнавме Андонија беше расипан апаратот за комјутеризирана томографија(КТМ) на ренген, а постојано се расипува и апаратот за КТМ кој е сместен на Хирушките клиники.
Овие апарти се многу важни за дијагностицирање на болните, за снимање на итните случаи и пациентите кои треба да се оперираат. И 150 пациенти болни од рак кои секојднево доѓаат на зрачење од цела држава, беа вратени бидејќи и двата апарати на Клиниката за онкологија се расипале.