„Google” може да биде во голема неволја, бидејќи шесте европски земји објавија отворање на истрага за кршење на политиката на приватност. Велика Британија, Германија, Франција, Шпанија, Италија и Холандија најавија дека ќе покренат истрага, бидејќи „Google” не направи промени во својата политика на приватност, како што беше наложено од страна на ЕУ.
Велика Британија ќе испита дали со одлуката на „Google” да направи 70 различни “политики” ставени во еден документ е повреден британскиот закон за заштита на податоците. Франција, Германија, Италија, Холандија и Шпанија исто така истражуваат дали акциите на „Google” се во согласност со нивното национално законодавство.
Работната група која ќе провери дали „Google” има направено злоупотреба на некој од законите, веќе од претходно предупреди дека неговите одлуки не се во согласност со европското законодавство. Но, од „Google” тврдат дека не сториле ништо погрешно.
“Нашата политика за приватност го почитува европското законодавство и исто така ни овозможува да создадеме поедноставна и поефикасна услуга. До сега, имаме целосна соработка со властите за заштита на податоците и ние ќе продолжиме да го работиме тоа”, објаснуваат претставниците на „Google” во изјава за порталот „The Verge”. “