НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорѓиев: Нема напредок во работата на Комисијата, би било корисно да се вклучат надворешни експерти

0
By Нова ТВ on April 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На последните три средби на Комисијата не гледам желба за напредок кај бугарските колеги, а тоа се должи на политичката ситуација во Бугарија, вели Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим во Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања.

Ѓорѓиев посочи дека на одржаниот онлајн 13. состанок на Мешовитата комисија на која изминатите два дена не се постигна никаков резултат, се разговараше за македонските учебници за седмо одделение, додека темата Гоце Делчев воопшто не била отворена на барање на бугарската страна. Наведува дека двете страни останале на истите позиции и главна причина што нема резултат, е различната перспектива на средновековието, како и големите разлики во пристапот на надминување на ваквиот вид спорови.

-Вчeра воопшто не дискутиравме за темата Гоце Делчев. Јас морам да кажам дека во последните би рекол три средби, ние не гледаме некоја желба за напредок кај бугарските колеги. Вчера на претпоследната сесија ние рековме, бидејќи Гоце Делчев беше на дневен ред да дискутираме за Гоце Делчев, меѓутоа бугарските колеги го одбија тоа. Рекоа да продолжиме со учебниците. Јас мислам дека тој однос кон работата на бугарските колеги во последните три средби се должи на ситуацијата во Бугарија, предизборната кампања, сега на недостатокот на политичка влада и е воочливо кај бугарските колеги тоа отуство на желба да се постигне нешто повеќе во работата, вели Ѓорѓиев.

Прашан дали смета дека по изборот на влада колегите од Бугарија може да добијат и поинакви инструкции за понатамошното водење на овој процес на преговори, Ѓорѓиев не очекува промена на ставот од Софија, но смета дека дококу Комисијата се остави да работи настрана од билатералните политички односи, тогаш верува дека е можно да се постигне и побрзо решение.

-Генерално не сметам дека Бугарија ќе го промени ставот во однос на историското минато за Македонија. Тука јас мислам дека постои голем консензус и хомогеност кај меинстримот историчари во Бугарија, меѓутоа верувам дека може да се промени третманот што го има оваа Комисија и овој проблем во македонско – бугарските односи. До колку следните политички елити кај нас и во Бугарија ја тргнат Комисијата и овој проблем од билатералните односи во Бугарија, политичките односи, тогаш верувам дека може да се постигне и побрзо решение за некои прашања во Комисијата, но и дека Комисијата ќе работи во многу порелаксирани услови, смета Ѓорѓиев.

Во однос на предлогот од Австрија за меѓународно посредништво во изнаоѓањето компромис помеѓу двете земји, како и предлогот од европратеникот Андреас Шидер за вклучување тројца надворешни експерти историчари во работата на Комисијата, шефот на македонскиот тим оценува дека тоа би било од корист за нејзината работа.

-Ваквиот предлог беше даден од македонска страна уште на првата средба со нашите бугарски колеги и првиот состанок во Софија и за жал морам да кажам дека бугарските колеги тоа го одбија. Ние предложивме да бидат вклучени двајца експерти кои се запознаени со проблематиката на Балканот, но кои во исто време и работеле со големо искуство на надминување на вакви симболични политичко – историски спорови меѓу одредени нации и држави. Меѓутоа тоа беше категорично одбиено од бугарска страна дека тие колеги не го познаваат доволно нашиот проблем, дека тоа е само наш билатерален проблем и оттогаш воопшто повеќе не стана прашање, предлог, не понудивме ние за повторно да бидат ангажирани. Меѓутоа лично сметам дека една таква медијација, едни такви неутрални аутсајдери, би рекол, кои не се дури емотивно внесени во овој проблем, мислам дека можат да бидат од корист на Комисијата, вели Ѓорѓиев.

Тој наведува дека прашањето за Прличев останува отворено и треба да биде доработено, но вели бил изненаден од колегите од Бугарија кои вчера вели, излегле со изненадувачки предлог да биде отворено прашањето за Браќата Миладиновци, бидејќи оваа година се навршува 160 години од објавувањето на Зборникот на народни песни на Браќата Миладиновци.

-Без никаква најава, без притоа да бидеме консултирани тие тоа го поврзаа со 160 – годишнината од објавувањето на Зборникот. Се разбира, ние го поддржуваме тоа заедничко чествување на Браќата Миладиновци за тој Зборник, за тој јубилеј како еден од елементите кој може да помогнат во постигнување на добрососедство, меѓутоа ваквото адхок ставање на маса на теми за кои претходно не сме дискутирале, а притоа имаме три отворени теми, учебниците, Гоце Делчев и Глигор Прличев, отворање на четврта тема, ние тоа го сметаме едноставно за контрапродуктивно во овој момент за работата на Комисијата. И се разбира не прифативме да дискутираме на вчерашаната седница за Браќа Миладиновци, бидејќи сметаме дека треба да се затворат овие теми. Јас го сметам тоа како обид на колегите од Бугарија да се успори работата на Комисијата се додека не се надмине тој политички вакум во Бугарија, вели Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.