Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

0
By Zoran Ivanov on August 14, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 14, 2026 17:19

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење, водата е безбедна, соопшти денеска  директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, кој е и шеф на Главниот штаб за управување со кризи.

Водата е прогласена за безбедна за пиење откако во три последователни примероци не се најдени бактерии, додаде тој. По завршувањето на прес-конференцијата, членовите на Кризниот штаб се напија вода од чешма.

Водата во Гостивар беше забранета за пиење од 17 јули, откако институциите утврдија дека пумпи 22 дена внесувале вода со фекалии во градскиот водовод. Заразени се над 5.000 граѓани, од 19 јули е прогласена епидемија, а на 21 јули Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во градот.

Од 27 јули водата во Општина Гостивар можеше да се користи како техничка вода, односно може да се користи за бањање и за сите останати потреби во рамки на домаќинството.

На 21. јули, Основното јавно обвинителство Гостивар соопшти дека отвори истрага, по што судот изрече  триесетдневен притвор за директорката на гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ и за двајца раководители на сектори, кои се сомничат за тешки дела против животната средина и природата. Тројцата се товарат дека дале налог за поставување пумпи со кои непречистена вода се мешала со водата за пиење, што доведе до масовно заболување на граѓаните.

 

вода Гостивар исправна чешма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

ВЕСТИ August 14, 2026

Откако минатата недела и од централниот и од локалниот кризен штаб беше оценето дека квалитетот…

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.