Вчера (7 јуни) во 10 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека 41-годишна жителка од гостиварско село, пред влезот во семејната куќа се здобила со повреди откако од запалена цигара настанал пожар во нејзина близина.
Таа била пренесена во гостиварската Oпшта болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.