Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Готова е обдукцијата во случајот лажна докторка

0
By Менче Атанасова Точи on April 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во понеделник министерот за здравство Никола Тодоров ќе се сретне со родителите на Митко Влајков, 18 годишното момче од Кавадарци кое почина на фудбалски натпревар пред еден месец. Семејството побара средба со Тодоров, по сознанието дека лажната докторка интервенирала во моментот кога на нивниот син му се слошило пред да излезе на теренот.

Тие бараат одговорност за надлежните од болницата во Кавадарци кои направиле превид на дипломата на „лекарката“ но, и одговор зошто резултатите од обдукцијата, Судска медицина не им ги соопштува цел месец.

-Од Министерството ја бараме вистината и само вистината, да си ја завршат работата за вакви случаи во државата повеќе да не постојат. Да било навреме јавено за неа,сега детето можеби ќе било живо. Чекаме што ќе покаже обдукцијата. Знаеме дека му се дадени инекција во срцето и електрошокови изјави за Телма таткото Дамјанчо Влајков.

Скандалот со фалсификуваната диплома на „лекарката“ кој го потресе Кавадарци, но и целата држава, отвори сомнеж кај родителите, дали во тие моменти лажната лекарка помогнала или одмогнала. Дваесет и седум годишната девојка за која се потврди дека стигнала само до втора година на медицинскиот факултет, била во екипата на Итната медицинска помош и интервенирала во кобниот момент.

-Можеби таа сакала да помогне, но сега останува сомнеж дека неговиот живот можел да се спаси вели таткото на починатото момче.

Иако семејството сеуште не е информирано, од извори во истрагата НОВА дознава дека наодот од обдукцијата е завршен и веќе е предаден на истражен судија. Не е познато дали Тодоров,тоа ќе им го соопшти на семејството во понеделник и дали официјално ќе им биде предаден наодот од обдукцијата на нивниот син.

Нефицијално, форензичарите утврдиле дека момчето починало од природна смрт, од воспаление на срцевиот мускул кое го добило веројатно по прележан грип. Наводно, интервенцијата на „лажната лекарка“ немала влијание врз смртта на момчето. Дали овие неофицијални информации ќе се потврдат, останува да видиме.

Но, и доколку се покаже дека е така, останува отворено прашањето за одговорноста на надлежните во болницата кои дозволиле неука девојка да прегледува, поставува дијагнози и да лекува пациенти на кои им е неопходна итна медицинска помош и кои најчесто се во животно загрозувачка состојба.

Против неа веќе е поднесена кривична пријава за измама, надрилекарство и фалсифување на документи. Ова е прв ваков случај во државата, како и во историјата на македонското судството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.