Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грабар-Китановиќ и Вучиќ ќе ја затвораат “старата книга” на кавги

0
By Нова ТВ on February 10, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во понеделник во Загреб ќе се сретнат претседателите на Србија и Хрватска. Хрватската претседателка Колина Грабар-Китановиќ и нејзиниот српски колега Александар Вучиќ два дена ќе се дружат во обид да ги намалат тензиите што постојат помеѓу двете соседни земји.

Очекувањата на двете страни се големи и посетата, планирана уште од летото, се најавува како старт на нормализација на односите помеѓу двете земји и затворање на “старата книга” на проблеми.

Додатна тензија во ионака напнатите односи неодамна донесе и изложбата за поранешниот логор Јасеновац што се одржа во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк. Изложбата беше под покровителство на Белград но Загреб ја обвини Србија дека со оваа изложба се шират “лажни податоци” за Јасеновац. Повеќе за оваа контроверза ќе најдете тука, на српски јазик.

Состанокот на претседателите е на иницијатива на Грабар-Китановиќ која би сакала да се почне со решавање на отворените прашања помеѓу двете земји, изјавиле соработниците на претседателката за хрватската агенција Хина:

“Овие средби често се нарекуваат историски, но ние сметаме дека се работи за позитивен исчекор. Дали ќе биде историски или не ќе се види по посетата”.

Вучиќ изјави дека разговорите нема да бидат лесни:

“Но, одам со многу верба и желба да направиме нешто за нашите деца и иднината. Полошо од сегашната состојба не може да биде, може да биде само подобро”, изјави тој. Тој вели дека не очекува “пријатен разговор” бидејќи има многу отворени прашања и не знае каков ќе биде резултатот.

Според агендата на посетата, државниците ќе разговараат за 1.945 исчезнати лица во текот на војните, враќањето на културното богатство, соработката во гонењето на осомничените воени злосторници, положбата на малцинствата и прашањата за нерешната граница.

Се најавува и зајакнување на економските врски помеѓу двете земји а во делегациите ќе бидат присутни и повеќе министри и координатори за нерешените прашања.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пред неколку дена изјави дека за време на средбата треба да се разговара и за воената отштета. На ова, од кабинетот на Грабар-Китановиќ изјавија дека оваа тема не е на дневниот ред.

Од кабинетот исто така велат дека на разговорите ќе учествуваат и претставници на малцинствата како и здруженијата за исчезнати лица. Грабар-Китановиќ и Вучиќ планираат средба и со млади од српската заедница во Хрватска. Вучиќ планира посета во Вргинмост каде што живеат Србите што таму живеат.

Вучиќ во Загреб ќе се сретне со со премиерот Пленковиќ и претседателот на Парламентот Гордан Јандроковиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.