Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје: Прекината испораката на нафта, Јахоски креира хаос во Скопје

0
By Marija Todorovska on September 22, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: ЈСП
Фото: ЈСП
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Град Скопје обвинува дека под силен политички притисок, бизнисменот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува кон обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Јахоски, соочен со обвиненија и закани со затворска казна, ја прекина доставата. Од Градот обвинуваат дека Управниот одбор на ЈСП, предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, заедно со Јахоски, се обидуваат да прават политичките игри за предизборен дефокус од јавниот гнев од штетата што му ја нанесоа на Скопје во изминатите четири години.

„Истото сценарио се повтори и пред новогодишните празници – граѓаните беа оставени на студ и горештини, само за да се задоволат суетите на политичките лидери од кои уценетите бизнисмени очекуваат спас од сопствениот „сургун“.

Зарем не направивте доволно хаос во Скопје? Спречивте набавка на нови автобуси, не гласавте бесплатен јавен превоз. ЈСП нема да дозволи идиотските и криминогени постапки на уценети бизнисмени да ги трпат граѓаните“, стои во реакцијата на Град Скопје.

Градските власти најавуваат покренување постапка за материјална и кривична одговорност против „Пуцко петрол“ и Асмир Јахоски, бидејќи со непочитување на договорот свесно се загрозува функционирањето на јавниот превоз.

Д. М. / ЦивилМедиа

ЈСП нафта пуцко петрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025

Ерион Велиај е разрешен од функцијата градоначалник на Тирана

September 24, 2025

Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано

September 23, 2025
ФОКУС

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

ВЕСТИ September 24, 2025

Државниот секретар на САД Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се…

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025

Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

September 24, 2025

Израелската армија презеде контрола врз поголем дел од Газа

September 23, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025

Ерион Велиај е разрешен од функцијата градоначалник на Тирана

September 24, 2025

Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано

September 23, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.