Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градинка во Кавадарци се гради без согласност на ИЗИС

0
By Менче Атанасова Точи on October 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Детска градинка во Кавадарци се гради без одбрение од ИЗИС со кое се потврдува стабилноста на објектот, потврдија за НОВА од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија(ИЗИС). Општината пред да почне со градбата на објектот воопшто не побарала мислење од ИЗИС бидејќи сметале дека за реконструкција на објект не е потребно да бараат одобрение од експертите со кое ќе се потврди механичката стабилност, тврдат за НОВА извори кои се добро упатени во случајот.

Сепак, по многу бројните укажувања од надзорниот инжењер дека објектот е нестабилен, Oпштината во последен момент одлучила да го промени првичниот проект и сега се става потпора на зидовите кои претставувале потенцијална опасност. Но, Општината се уште нема никаков доказ  за механичката стабилност на објектот, тврдат во ИЗИС.

Градинката која пред неколку дена ја промовираа заменик министерот Диме Спасов и градоначалникот  Алексадар Панов, за која НОВА веќе пишуваше, се гради на темелите и зидовите на старата лабораторија. Објектот се наоѓа сред Медицински центар и тоа на пет метри до биохемиската и микробиолошката лабораторија, на два метри од амбулантата за Кожни и венерични болести, Итната медицинска помош, а на 50 метри подолу е Центарот за метадонска терапија за зависности.

Според информациите до кои дојде НОВА, за што поседуваме и валидни документи, проектот по кој започнала изградбата на објектот бил нестабилен и опасен за користење. Инжињерката која вршела надзор на објектот неколку пати апелирала до Општината да се преземат мерки бидејќи „објектот нема врзна, меѓукатна конструкција поради тоа што бил изваден покривот така што зидовите немало како да се поврзат, со што објектот ја губи стабилноста и преставува потенцијална опасност“.

gradinka-sken-2-_page_1

Во едно од писмата до кои дојде НОВА, која вршела надзор на објектот Лидија Стојанова која заради ваквите сомнежи се повлекла од надзорот, во јуни годинава  ја предупредува Општината дека зградата е нестабилна. Стојанова пишува дека објектот не е сигурен и советува да се побара второ експертско мислење, доколку се продолжи да се работи според истиот проектот.

gradinka-sken-2-_page_2

НОВА ја контактираше Стојанова која потврди дека барала да се преземат итни мерки и инсистирала да се направи ревизија на проектот за да се докаже стабилноста на проектираната зидана конструкција. Таа укажува дека Општината и сега го крши Законот за градба бидејќи измените и дополнувањата на основниот проект изискуваат одобрение од ИЗИС.

„ Разбрав дека Општината во последен донела одлука да не се гради по првичниот проект за кој постоеше опасност да се урне врз главите на децата. Нелогично беше да се гради понатаму бидејќи беше изваден покривот, така што го немаше она што е неопходно, врзна, меѓукатна конструкција  која ќе обезбеди заедничка работа на сите зидови.  Но и сега со измените не се докажува стабилноста, а се крши и законот за градба во член 43, како и во член 48 каде се прецизираат деталите за основните проекти за реконструкција“, изјави за НОВА Стојанова.

Таа смета дека Општината треба да се произнесе дека со измените кои ги направила во текот на градбата не се нарушила механичката отпорност која е докажана за првиот одобрен проект.

Иако Општината одлучила да отстапи од првичниот план на реконструкција, експертите сметаат дека се уште нема доказ дека објектот во кој ќе престојуваат деца е стабилен. Таков документ може да издаде само ИЗИС.

Од Општина Кавадарци тврдат дека имаат Одобрение за реконструкција и адаптација со пренамена на просторот за изградба на детска градинка согласно Законот за градење и Договор за јавна набавка за изведување на градежни работи да се  изведуваат градежните работи на објектот на старата лабораторија.

„Бидејќи се работи за стар објект од масивни носечки зидови со проектното решение беше предвидено зајакнување на постојната конструкција со изведба на столбови и греди(скелетна конструкција) со што неоштетените носечки зидови се задржуваат како преградни бидејќи ја губат функцијата за носечки зидови“,  објаснуваат во писмениот одговор од Општина Кавадарци.

Од таму тврдат дека по отстранување на кровната конструкција се јавуваат нови видливи пукнатини на зидовите кои било предвидено да се задржат.

„Од тие причини согласно Извештајот и записникот од страна на стручни лица од општината, надзорниот инжињер, изведувачот и проектантот беше одлучено оштетените зидови да бидат целосно отстранети и повторно изsидани без дополнителни промени во однос на проектната документација. Овој зафат беше преземен во интерес на стабилноста и функцијата на објектот“, се вели во одговорот од Општината.

Од таму испратија фотографии со кои тврдат дека се зајакнуваат зидовите на детската градинка.

wp_20160915_09_44_15_pro

Во Кавадарци постои голема потреба од изградба на нова детска градинка бидејќи постојните капацитети не ги задоволуваат потребите. Во градот има неколку објекти кои се клонови на постоечката детска градинка кои имаат капацитет за 550 деца, а во нив се згрижени двојно повеќе, односно 1060 деца. Поради неопходната потреба од нов објект во ноември минатата година Советот на општината едногласно ја изгласал одлуката за изградба на детска градинка. Но, советниците не биле известени дека објектот ќе се гради на темелите на старата лабораторија и тоа сред Медицински центар, место за кое советниците од опозицијата сметаат дека не е добро за развојот и психата на децата кои ќе се будат со звук на сирената од Итната медицинска помош.

wp_20160729_09_59_08_pro

Изградбата на новата градинка, како што соопшти заменик министерот Диме Спасов ќе чини 7, 5 милиони денари, а во неа ќе бидат сместени 100 тина деца. Но, изградбата на новиот објект врз постоечката стара лабораторија фрли сенка и внесе страв кај граѓаните. Во Кавадарци веќе се коментира дека локални моќници си земале за право да се постават над безбедноста на децата, над законите во државата, без да обезбедат мислење и да докажат дека објектот е стабилен.

 

 

грдинка ИЗИС нестабилен објект
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.