Градоначалникот на Сараево, Иво Комшиќ доживеа несреќа при отворањето на Сараево Сити Ценатар. Тој си ја скрши десната подлактица откако се обиде да фрли кугла во новиот трговски центар во Сараево.
Комшиќ бил згрижен во градската болница со фрактура на подлактицата. Заменик градоначалникот на Сараево, Аљоша Чампар за Klix.ba изјавил дека градоначалникот е пренесен во болницата Кошево.
„Пациентот ја скршил десната подлактица и е упатен на Клиниката за ортопедија, каде ќе биде згрижен. Во болница ќе остане до утре“, велат од болницата.
Комшиќ имаше слична незгода и минатиот месец при предавањето на поклони за легенадрниот лизгачки пар Јана Торвил и Кристофер Дин во Сараево, кога се заплетка и падна под масата.