Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена информира дека заедно со централната власт односно министерството за транспорт и врски и натаму ги ревидирале Деталните урбанистички планови со цел нивно побрзо носење со измените, што е процес почнат од неговиот претходник Саша Богдановиќ.
На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК колку дозволи издал во првите 100 дена Герасимовски истакнал дека по детални проверки издадени биле две одобренија за градба.
Информирајќи дека правеле притисок за што побрзо носење на ДУП-овите, од десет кои се во постапка очекува и се надева за три за Маџир Маало, Клинички центар и Крњево во брзо време да бидат донесени.
Тој информира дека барање за градба за другите две згради кај „Холидеј ин“ уште не било побарано.