НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градоначалниците не можат да ги исполнат ниту сопствените ветувања за загадениот воздух

0
By Marija Todorovska on March 26, 2025 ТЕМА
Фото: НОВА
Фото: НОВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Од 81 општина во државата, само 11 имаат изработено план за воздухот, а 63 (или 78%) немаат никаков стратегиски документ или истиот е застарен.

Катерина Топалова Дејновска

  • Законот за квалитет на амбиенталниот воздух бара општините со над 35.000 жители да имаат План за подобрување на воздухот.
  • Од 81 општина во државата, само 11 имаат изработено план за воздухот, а 63 (или 78%) немаат никаков стратегиски документ или истиот е застарен.
  • Дури и општините што имаат план, како Центар, Карпош и Аеродром, не успеваат значително да го намалат загадувањето.
  • Според УНИЦЕФ, 11,6% од смртните случаи кај новороденчињата во Македонија се директно поврзани со загадениот воздух.
  • Овој еколошки проблем е една од водечките причини за губење на здрави години од животот, а климатските политики на локално ниво засега не нудат ефикасни решенија.

12 март, 2025 година, 20 часот. Државниот мониторинг систем за квалитетот на амбиенталниот воздух при Министерството за животна средина покажува оти во Кичево се надминати количините за ПМ 10 и ПМ 2,5.

  • gradonacalnik vetuvanja za cist vozduh 1
    ПМ 10 честички
  • gradonacalnik vetuvanja za cist vozduh 2
    ПМ 2,5 честички

Состојба со ПМ 10 и ПМ 2,5 честички во цела држава Принт скрин од официјалната страна на Министерството за животна средина (12.3.2025, 22:00)

Според скалата, и во двете мерења, Кичево влегува во градовите со високо загадување. Но табелата за надминувања на концентрациите на опасни честички по денови покажува дека до 12 март, во Кичево од дозволени 35 дена, амбиенталниот воздух бил со канцерогени честички многу повеќе од дозволеното во вкупно 57 дена.

gradonacalnik vetuvanja za cist vozduh 3
Принт скрин од официјалната страна на Министерството за животна средина (12.3.2025)

Градоначалник на Кичево е Фатмир Дехари. Тој е член на партијата ДУИ. Карактеристично е тоа што неговата партија, пред локалните избори во 2021 година се промовираше како зелена, а промотивните фотографии на градоначалниците ги обои со истата боја, потцртувајќи дека ќе работат на животната средина и оти ќе го остварат уставно загарантираното право на секој граѓанин – чист воздух, вода и почва.

  • gradonacalnik vetuvanja za cist vozduh 5
  • gradonacalnik vetuvanja za cist vozduh 4

Плакат на ДУИ и предизборна фотографија на Фатмир Дехари за локални избори 2021 година

Но, нејасно е како Дехари планирал да делува за да ги оствари ветувањата бидејќи такво нешто нема во неговата програма. Освен декларативните заложби.

Изработката на План за подобрување на амбиенталниот воздух е задолжително за општините кои имаат над 35.000 жители или за оние во кои постои континуирано загадување на воздухот во последните години, согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух, член 23 и 26.

Вкупното население во Општина Кичево според пописот од 2021 година изнесува 39.669, што значи дека има законска обврска да изготви План за подобрување на амбиенталниот воздух. Но според Центарот за климатски промени, Кичево е една од 70 општини во Македонија која нема изготвено ваков план. Дехари е на чело на градот повеќе од една деценија, но досега нема направено план иако тоа е едно од ветувањата за оние кои го гласале. Неговите сограѓани зборуваат и гласно. Повозрасен кичевец што го уживаше мартовското сонце во градот, ни го кажа тоа што го покажува и статистиката.

„На прво место маски треба, многу е тежок воздухот во Кичево.“

Примерот на Кичево го следат уште 69 општини

Според Центарот за климатски промени, од 81 општина во Македонија, само 11 општини имаат изработено таков план. Седум општини изјавиле дека имаат план, но истиот не е објавен на нивната веб-страница. Заклучокот е дека 63 општини во Македонија или 78% не поседуваат План за подобрување на квалитетот на воздухот или пак постојниот има поминато рок на важност.

gradonacalnik vetuvanja za cist vozduh planovi 1
gradonacalnik vetuvanja za cist vozduh planovi 2
gradonacalnik vetuvanja za cist vozduh planovi 3

 

Од вкупно 81 општина во РСМ, само 17 општини или 20% имаат ЛЕАП, 6 општини или 9% одговориле дека имаат ЛЕАП но, не е пронајден на нивните веб-страници и дури 58 општини или 72% немаат ЛЕАП или истиот е со изминат рок на важност.

Од табелата за надминување на бројот на денови со поголема концентрација на опасни честички на Министерството за животна средина, се гледа дека скопските општини Центар, Карпош и Аеродром (Лисиче) до 12 март годинава го надминале дозволениот број. Според истражувањето ан Центарот за климатски промени, сите три општини имаат изготвено план, но очигледно дека барем засега, овој план не ги намалил деновите кога скопјани дишеле отров.

  • gradonacalnik vetuvanja za cist vozduh aerodrom
  • gradonacalnik vetuvanja za cist vozduh karpos

Карпош и Аеродром се меѓу општините кои и натаму имаат повеќе денови загаден воздух од дозволениот праг

Општините како Тетово и Кавадарци кои имаат 54, односно 55 денови повеќе од дозволениот број денови со висока концентрација на опасни честици, изјавиле дека имаат план, но не го објавиле на нивната Интернет страница.

gradonacalnik vetuvanja za cist vozduh kavadarci
gradonacalnik vetuvanja za cist vozduh tetovo

Градоначалниците на Тетово и на Кавадарци тврдат дека имаат план, но тој не може никаде да се најде

До 2028 година и Куманово се води според планот на градоначалникот Максим Димитриевски, но мерните станици покажуваат дека воздухот и во неговата општина е енормно загаден.

gradonacalnik vetuvanja za cist vozduh kumanovo
Куманово има план до 2028 година, но тоа не ја менува реалноста дека воздухот во градот е енормно загаден  

Со измината важност од една година е и планот на Струмица, иако општината на чие чело е Костадин Костадинов се вбројува во оние со најзагаден воздух во Македонија.

Предизборните ветувања на градоначалникот на Струмица се и за квалитетен воздух (Извор: ФБ страница на Костадин Костадинов)

Црни статистики

Секој деветти смртен случај кај новороденчињата во Македонија е поврзан со загаден воздух. Ова го покажа последниот извештај на УНИЦЕФ. Според него, смртните случаи на новороденчиња кои се поврзани со загадениот воздух сочинуваат 11,6 отсто или 1 од 9 смртни случаи на деца на возраст до една година.

Според новите податоци, освен што претставува сериозна причина за смрт кај новороденчињата, загадувањето на воздухот ни одзема повеќе здрави години од животот во споредба со кој било друг поединечен еколошки фактор, како што се високите температури, нечистата вода и лошите санитарни услови.

„Овие податоци се особено загрижувачки, бидејќи раната и честа изложеност на загаден воздух влијае врз развојот на мозокот, белите дробови и органите на бебињата, што има последици врз здравјето и учењето  во текот на целиот живот“, вели Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ.

„Децата уште сега го искусуваат климатскиот хаос со кој ќе се соочуваат цел живот. Болестите и смртните случаи предизвикани од загаден воздух може да се спречат, но ни требаат климатски политики во кои ќе се води сметка и за децата. Тука спаѓаат политиките со кои се намалуваат загадувачките супстанции и се подобрува квалитетот на воздухот таму каде што децата учат, живеат и си играат“.

Следните локални избори се на есен. Со оглед на статистиките и видливоста на проблемот, загадениот воздух најверојатно ќе се најде повторно во ветувањата на кандидатите кои ќе претендираат да станат градоначалници. Но за да бидат барем малку уверливи, пожелно е барем да имаат план како планираат да го подобрат квалитетот на амбиенталниот воздух.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Текстот е сопственост на Дома

градоначалници загаден воздух општини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.