Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градот Скопје формира Комисија за унапредување на правата на пациентите

0
By НОВА ТВ Balaban on May 12, 2022 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно со Законот за заштита на правата на пациентите, Градот Скопје формира постојана Комисија за унапредување на правата на пациентите, во согласност со прописите од областа на локалната самоуправа. За таа цел, Град Скопје распиша Јавен повик за ангажирање членови во Комисијата за унапредување на правата на пациентите.

Комисијата се состои од 11 члена и тоа: двајца претставници на пациентите – членови на здруженијата на пациентите, двајца претставници од здруженија што се занимаваат со човековите права и граѓанските иницијативи, еден претставник од здружение кое се занимава со правата на жените, еден претставник од здруженијата за заштита на правата на лицата со попреченост, двајца лекари од општините и тројца членови делегирани од Советот на Град Скопје.

Мандатот на членовите на комисијата е две години, со право на уште еден последователен избор, информираат од Град Скопје.

Работни обврски на членовите на комисијата:

– Редовно и активно учество на средбите на комисијата;

– Подготовка и спроведување на План за работа на комисијата со временска рамка;

– Подготовка на Деловник за работа на комисијата, како и други акти;

– Следење и проценка на состојбата со заштитата на правата на пациентите;

– Разгледување поплаки на пациентите и предлагање мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи;

– Подготвување и издавање извештај за заштитата на правата на пациентите, пред Советот на Градот Скопје,

– Подготвување информации, промотивен и друг материјал со цел унапредување на правата на пациентите;

– Реализација на други активности за унапредување на правата на пациентите и нивната заштита.

На огласот можат да се пријават граѓански организации кои треба да номинираат по еден свој претставник за член во комисијата, каде што организациите треба да се занимаваат со прашања од областите на правата на пациенти, човековите права и граѓански иницијативи, правата на жените и заштита на правата на лицата со попреченост.

На огласот можат да се пријават и поединци, кои се лекари по професија или од други професии.

Оценувањето на пристигнатите предлози ќе го врши Комисијата за верификација за мандатни прашања, за признанија, претставки и поплаки, при што доставува предлог до Советот на Град Скопје.

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 13.05.2022 година, до 16:00 часот.

Пријавите со целокупната скенирана документација се доставуваат по електронска пошта, на адреса: pravanapacienti@skopje.gov.mk  (со назнака во предмет – Пријава на оглас).

Градот Скопје комисија правата на пациентите формира
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.