Пред владата на Македонија започна собирот за Заедничка Македонија или, како што организаторите го нарекуваат четврт Илинден.
Илјадници граѓани во моментов се пред владата од каде што ќе го продложат да маршираат низ центарот на Скопје до Собранието.
Велат дека тука се да покажат дека се против она што, според нив, политичарите го договориле за Македонија. Тврдат дека ова не е протест, туку мирен собир на којшто сакаат да покажат дека се против двојазичност и федерализација на државата.
На собирот нема партиски обележја, а дел од присутните пристигнуваат во мали групи, но дел доаѓаат во големи групи. Може да се забележат раководни лица од институции, но и лекари и културни работници.