Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска преку својот Фејсбук профил ги повика граѓаните да пријавуваат неправилности кај трговците на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат, во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи.
Со Одлука на Владата, замрзнати се цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, млеко, сирење и урда, свежо месо и сувомеснати производи, коишто до 31 јануари в година треба да се продаваат по цени не повисоки од тие на 1 декември.
Бектеши најави и дека оваа листа може да се прошири и со други производи.