НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните гласаа за европска Македонија, а не за натпревар на петли

0
By Борјан Јовановски on July 20, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На овие парлементарни избори големото мнозинство гласови е дадено за европска, демократска, мултиетничка и модерна држава. СДСМ со Беса, ДУИ и Алијансата на Албанците и ДПА кои се залагаа за реформи и старт на преговори за членство во ЕУ преку почитување на основните критериуми за остварување на оваа стратешка цел како што се Преспанскиот и Охридскиот договор и договорот со Бугарија, добија 73 пратенички места во Собранието. Тоа е неприкоснованата воља на големо мнозинство на граѓаните кои сега очекуваат што побрза реализција на тие цели. Ако се следи таа елементарна логика Македонија на самиот почеток на август согласно сите законски процедури би требало да има влада која итно ќе се нафати на работа за превенција на најавениот нов удар на короната и подготовката на меѓувладината конференција за старт на преговори за членство паралелно работејќи на контурите на бројните крупни реформи во  областа на владеење на правото. Должноста на одговорни полтичари е оваа реалност исцртана од вољата на граѓаните да биде во целост испочитувана.

Ако внимателно се прочита изјавата од Брисел потпишана од Борел и Вархељи таа укажува на токму вакви очекувања од нашите пријатели во ЕУ кои после толку години надежи и ветувања ја отворија вратата за влез на Македонија во ЕУ сега со очекувања дека ние конечно ќе можеме да ги испорачаме барањата на ова најелтино, во секоја смисла, друшто во светот. Едноставно никогаш не сме биле поблиску до остварувњара на стратешките цели и надежи на граѓаните како што е тоа случајот сега по овие парлементерни избори. Ако има државници, полтичари кои навистина се загижени за доброто на ова општесво и неговите граѓани би се фатиле веднаш за работа бидеќи за тоа се создадени сите предуслови.

За жал наместо државничко однесување деновиве сме сведоци на демонстрација на суети од маалски карактер од страна на поединци кои во детството очигледно немаат победено ни на брканица, а не пак на фудбал на мали голчиња.

Во овааа провинциска квази политичка галама најгласни се перјаниците на ДУИ со нивното перчење дека се големи победици кои само со 15 пратеника сега наводно би требале да се устоличат како неприкосновани владетели на македонската политичка сцена. Од Артан Груби не сум изненаден но Бујар Османи како долгогодишен вицепремиер за европски интеграции на кои му требаа две камери да го следат по Брисел за да покаже колку тој тоа се залага за еворопските интеграции навистина не му доликува инфантилниот триунфализам и егзалтација. Ако на Османи европпските интеграции му се импертив на неговото полтичко дејствување како што самиот се декларира сега има шанса навистина да биде локомотивата која конечно македонскиот воз заглавен 30 години на балканските слепи колосеци ќе го повлече кон Брисел. Шансата е историска и непофторлива, имајќи ја во предвид актуелната непредвидливост на меѓународната сцена,  во интерес на сите граѓани и се разбира во интерс на неговата политичка кариера со која би се гоределе неговите поколенија.

Pse Jo?

Разбирлива ми е во целост и амбицијата на ДУИ да имаат премиер. И јас би рекол Зошто да не? Обидот да го постават ова прашање во контекст на некакви отпори кај Македонците е невкусен особено кога станува збор за СДСМ и неговите сипатизери кои покажаа цивилизациска зрелост поддржувајќи по првпат во македонската историја изборна листа на која заедно настапија поедици и политички партии од сите етнички групи во државата застапувајќи ја на тој начин македонската мултикултурна реалност онаква каква ја препознава светот и во мометот нашата цел – ЕУ. Нивната победа со ваков концепт апсолутно им го дава правото и легитимитетот за нов премиер кои согласно политичката подршка од 46 “шарени” пратенци е должен да ги застапува поденакво интерсите на сите етнички заеднци.

Што се оденсува до ДУИ и нивната амбиција да имаат премиер навистина Зошто да не! Тоа е легитимна политичка амбиција на секој релевантен политички субјект и никој нема право да ја ограничи. За да се стигне до таа цел сепак ДУИ ќе треба да излезе од бункерот во Мала Речица за да поработи на својот атрибут “интеграциска”. Тоа значи да  се отвори кон другите етнички заедници па на некои наредни избори да повели со избирачка листа за која ќе гласаат сите граѓани на Македонија без разлика на нивната етничка или верска припадност препознавајќи во тој избор можност за реализација на своите интереси. И зошто да не во таков случај да освојат и мнозинство гласови кои секако безпоговорно би им дале легитимитет мандатарот на владата да биде било кој нивни член за кој тие ќе одлучат дека е спосоебен да биде на чело на владата. Тоа е лекција која ДУИ би требало да ја научат од овие избори за да се издигнат над сопственото партиско его.

Ја разбирам лутината на ДУИ од некои очигледно неумесни коментари кои Заев ги имаше во изборната кампања. ДУИ исто така има легитимно право многу јасно да побара од Заев да се огради од таквите изјави и да го натера СДСМ да извлече поуки за нивно добро.

Сепак, Македонија живее историски мометни во кои навистина нема време за суети. Вољата на граѓаните беше многу јасно декларирана и истата овозможува формирање на влада која во Собранието ќе има силна поддршка од 73 пратеника со што во целост се дава полтичка сила да се влезе храбро во последната фаза на трасформацијата на ова општество кое 30 години чека европски полтички стандарди и евроспки квалитет на живот. Граѓаните го кажаа своето. На потег се полтичарите, во најдобрата смисла на тој збор, ако воопшто ги има.

 

 

 

 

Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.