Нук: Граѓаните на Гренланд почнаа да бојкотираат американска стока во знак на протест против најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека островот ќе биде припоен кон САД.
Парите на граѓаните ќе му дадат јасна слика на Доналд Трамп. Мора да им дадеме до знаење на Американците дека она што американскиот претседател го зборува за нашата земја е неприфатливо, изјави Миник Ланге, иницијатор на Фејсбук групата „Бојкотирај американски производи на Гренланд“.
Според него, одбивањето на Гренланѓаните да купуваат американски производи може да стане „тивок протест“.