Властите во Црна Гора донесоа одлука за понатамошно ублажување на епидемиолошките мерки и дозволија влез на туристи од источна Европа без никакви услови.
Граѓани на Северна Македонија, Русија, Белорусија и Украина отсега ќе можат да влезат во Црна Гора без да имаат негативен тест или доказ за вакцинација, а истото ќе важи и за земјите од регионот.
Бидејќи епидемиолошката состојба се подобрува, црногорските здравствени власти ги олеснија ограничувачките мерки.
Сепак, сè уште е задолжително да се носат заштитни маски на отворено и затворено, а има и полициски час од полноќ до 5 часот наутро, како и ограничување дека најмногу четири лица можат да седат на една маса во угостителските објекти.