НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанка по цели пет децении, на 70 години, добила македонско државјанство

0
By НОВА ТВ Balaban on June 24, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓанка, родена во СФРЈ (Косово), којaшто во далечната 1973 година се омажила со македонски државјанин, успеа после скоро пет децении чекање да добие државјанство по интервеција на Народниот правобранител. Апсурдноста на овој случај е уште поголема, поради тоа што сите членови од нејзиното семејство-шестте деца од самото раѓање немале проблем да добијат уверение за државјанство. Ова е само еден од многуте случаи коишто се објавени во Годишниот  извештај од Народниот правобранител кој денеска беше презентиран.

Во почетниот дел од Годишниот извештај се издвоени неколку карактеристични случаи, состојби, конкретни проблеми на граѓани, во кои од страна на Народниот правобранител се утврдени прекршувања и повреди на уставните и законските права на граѓаните.

Како што се појаснува за овој случај, при спроведената постапка,  Народниот правобранител се обрати до Агенцијата за национална безбедност и побара во најбрз можен рок да се изврши безбедносна проверка за наведеното лице, а органот при давање на мислењето да се раководи од фактот дека подносителката ги задоволува останатите услови предвидени во Законот за државјанство и од принципот за почитување на правото на семејниот живот, кое право е утврдено во член 8 од Европската Конвенција за заштита на човековите
права и слободи.

Народниот правобранител беше известен дека е постапено по неговата интервенција и во таа смисла по даденото позитивно мислење од страна на Агенцијата за национална
безбедност, Министерството за внатрешни работи-Оддел за граѓански работи донесе Решение за прием во државјанството за возрасната граѓанка.

Освен што сака да посочи дека овие констатирани повреди се всушност нелогични, незаконски, па дури и апсурдни ситуации настанати поради незаконско, нестручно и непрофесионално работење на органите, и истовремено да ги повика надлежните органи да преземат итни мерки и дејствија за отстранување на наведените повреди, Народниот правобранител посочува дека неговите намери и заложби се сериозни, конструктивни и на закон засновани, и воедно се оградува од какво било друго сфаќање вон контекст, во однос на издвоените случаи, а сè со цел обезбедување на навремено и непречено остварување, почитување и унапредување на човековите права и слободи во државата.

(Љ.Б.)

македонско државјанство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.