Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓански здруженија бараат надминување на недоразбирањата меѓу Северна Македонија и Бугарија

0
By Biljana on January 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тие ги поздравуваат конструктивните потези на новата бугарска влада и се надеваат дека и новата влада во Република Северна Македонија ќе направи  коректни и точни потези.

Граѓанското здружение за бугарско-македонско пријателство „Под едно небо“, заедно со Институтот за балкански перспективи, Бугарскиот културен клуб – Скопје и Бугарско-македонска стопанска комора упатија отворено писмо до премиерите на Бугарија и на Република Северна Македонија, во кое ја поздравуваат желбата на двајцата премиери за промени и за искористување на следните месеци за постигнување позитивни резултати.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие ги поздравуваат конструктивните потези на новата бугарска влада и лично на премиерот Кирил Петков и се надеваат дека и Димитар Ковачевски и новата влада во Република Северна Македонија, доколку бидат избрани, ќе направат исти такви коректни и точни потези. Според авторите на писмото, барањата на Петков за проширување на односите меѓу Софија и Скопје со заеднички работни групи во различни области се можност да се потпрат на Договорот за добрососедство, кој, се наведува, треба да биде фундаментален за односите меѓу двете земји. Ова исто така, се додава, ќе и овозможи на Бугарија да ја врати својата корисна улога во пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, како и да ги поттикне аспирациите на другите земји од Западен Балкан за членство во ЕУ.

Авторите на писмото кое е поддржано од 185 граѓани, се надеваат дека идниот премиер на Република Северна Македонија ќе ја поттикне македонската дипломатија и институции да заземат проактивна позиција за носење на неопходните одлуки во македонското општество и добрососедската политика со Република Бугарија – преку активен дијалог и позитивна размена на идеи за нови односи и политики на промени.

Во исто време, тие се загрижени поради, како што се посочува, постојаните обиди на екстремните националисти во двете земји да го нападнат овој процес. Нивниот пристап до јавните бугарски и македонски медиуми е особено загрижувачки, каде постојано сеат меѓусебна недоверба и омраза, настојувајќи да ги поткопаат новите напори за промена кои се во зародиш. Авторите на писмото зад ваквите постапки ги гледаат пипалата на поранешните агенти на Државната безбедност и УДБА, од кои некои во јавниот простор изложуваат стари и лажни идеолошки пароли, кои звучат примамливо, но се штетни за добрососедските односи.

„Не треба да се дозволи да не поделат гласовите на поранешните агенти на Државната безбедност и УБА, научници и јавни личности кои соработувале со тоталитарните режими кои дејствуваат против интересите на двете земји. Ваквите луѓе инволвирани во наметнување на спротивставување и поделеност во политиката не треба да бидат дел од институционалниот и социјалниот дијалог меѓу двете држави и двата народа“, стои во писмото.

Бугарија граѓански организации македонско-бугарски односи отворено писмо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.