Грчката полиција се обидува да го дознае идентитетот на едно мало русокосо девојче, кое е најдено како живее во ромска населба со семејство, со кое таа не личи, јавува Би-Би-Си.
ДНК тестовите открија дека детето, наречено Марија и на возраст од околу четири години, не е поврзано со парот со кој живееше.
Девојчето е сега се згрижено од страна на една добротворна организација. Нејзината слика е пуштена да помогне да се најде нејзиното семејство.
Властите стравуваат дека може да биле жртва на киднапирање или трговија со деца.
Полицијата апелира на меѓународно ниво, со оглед на тоа што девојчето изгледа дека може да биде од северна или Источна Европа.
Портпаролот на британската двојка Кејт и Гери Мекан, чија ќерка Медлин исчезна во Португалија во 2007 година, рече дека случајот им дава “голема надеж” дека таа еден ден ќе биде пронајдена жива.