Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчки медиуми: Надминат е политичкиот ќор-сокак во Скопје

0
By Нова ТВ on March 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќето грчки медиуми денеска јавуваат за постигнатиот договор за за надминување на политичката криза во Македонија, по вчерашната посета на европската тројка преводена од еврокомесарот Штефан Филе.

„Елефтеротипија“ пишува дека „со посредство на претставници на ЕУ, конзервативниот премиер Никола Груевски и опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Бранко Црвенковски се договорија локалните избори да се одржат на 24 март и опозицијата да се врати во Парламентот“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, весникот ја пренесува изјавата на известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит дека „договорот е од клучно значење за европската перспектива на земјата“.

„Елефтерос Типос“ додава и дека според договорот ќе се формира двопартиска комисија која ќе ги испита настаните во Парламентот од 24 декември, и оти по локалните избори, „политичките лидери треба да ја разгледаат можноста за предвремени избори во земјата“.

Весникот пишува дека според политичките аналитичари во Скопје, „Бранко Црвенковски бил ’принуден’ да направи повеќе отстапки со цел да се постигне договор“.

„Имерсија“ пишува дека Штефан Филе на својот профил на Твитер напишал оти „средбите што се држаа во Скопје помогнаа политичките лидери во земјата да најдат начин да се надмине кризата“.

„Та Неа“ и „Катимерини“ во врска со вчерашните настани во Скопје пишуваат за судирите меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестот пред Владата. Весниците јавуваат дека околу илјада демонстрнти, кои протестираа против назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана, со камења и други премети фрлале по полицијата и оштетиле полициски возила и приватни автомобил на граѓани кои биле паркирани во близина. При протестите се повредени неколку полицајци и уапсени се и некои од демонстрантите кои предизвикаа нереди, информираат грчките весници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.