Грчкиот парламент изгласа амандмани со кои се укинува државното финансирање на париите во случај на судско гонење на нејзините челници за кривични дела.
Оваа одлука се однесува на неонацистичката партија Златна зора чиишто лидери се обвинети за создавање и раководење со криминална организација. Грчкото обвинителство побара целата партија да биде прогласена за злосторничка организација.
Притисокот против неонацистичката Златна зора започна во септември кога активист на оваа партија со нож го уби раперот антифашист Павлос Фисас во моментот додека со девојката излегувал од бар во предградие на Атина.
Потоа започна рација на домовите на членовите и челниците на партијата и партиските канцеларии, при што беше пронајдено значително количество разно оружје и екстремистичка литература. Партијата е обвинета и за многу смртоносни напади врз доселеници и активисти на левицата.
Гласањето по предлогот на 18 пратеници од социјалистичкиот Пасок, која е дел од владејачката коалиција, исто така имаше цел да се види дали сите партии се придржуваат до официјалниот курс на партијата.
Амандманот усвоен со мнозинството гласови беше поддржан и од страна на најголемата опозициска партија Сириса, коалиција на радикалната левица. Владата предводена од конзервативната Неа димократиа на Антонис Самарас за оваа цел беше насочена да постигне најширок можен консензус и затоа одржа во изминатиот период бројни средби со претставниците на сите парии, освен со Златна зора.
„Владата не може да дозволи државата и даночните обврзници да бидат користени за финансирање злосторнички или терористички организации кои се обидуваат да дејствуваат под покритието на политичка партија”, изјави министерот за внатрешни работи Јанис Михелакис.
Комунистичката партија на Грција одлучи да се воздржи од гласањето, велејќи дека не ја сметаат оти неонацистичката партија не е виновна, туку дека не сакаат да ја зајакнуваат позицијата на владејачката партија и да ѝ дадат орудие коешто може да го исползува против работничката класа.
Портпаролот на Златна зора, Илијас Касидиарис, кому пред извесно време му беше одземен пратеничкиот имунитет, изјави дека неговата партија ја уништуваат по наредна на Европската комисија- Американците и американските Евреи.
Портпаролот на парламентарната група на партијата го нарече амандманот неуставен и додаде дека во овој случај се нарушува принципот на пресумпција на невиност. Пред почетокот на гласањето, пратениците на Златна зора ја напуштија седницата.