Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчкиот парламент го усвои рестриктивниот буџет за 2014 година

0
By Нова ТВ on December 8, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот парламент доцна синоќа со 153 гласа и со 142 гласа против,го усвои рестриктивниот буџет за 2014 година, со кој е предвидено намалување на државните трошоци од 3,1 милијарди евра.

Владата на премиерот Андонис Самарас ја доби поддршката на мнозинството пратеници во парламентот за предложениот буџет, со кој е предвиден крај на рецесијата, која во земјата трае од 2008 година.

„Ова е историски ден. Жртвите дадоа резултат и ги променија трендовите во земјата”, рече пред пратениците премиерот Антонис Самарис додавајќи дека станува збор за буџет на заздравување и надеж.

Опозицијата остро го критикуваше предлог буџетот, сметајќи го за привремен, имајќи предвид дека него не го одобрила сѐ уште „тројката” странски доверители. Претставниците на партијата Независни Грци го нарекоа ваквиот буџет „нов чин во трагедијата на грчкиот народ”, тврдејќи дека долговите ќе ги плаќаат идните поколенија до 2057 година.

На гласањето од 300 пратеници, предлог буџетот го поддржаа 153 пратеници од двете владејачки партии, конзервативната Неа димократија и социјалистите од Пасок.

Грчките медиуми известуваат дека од нејасни причини, еден од пратениците на Неа димократија не гласал. Против грчкиот буџет за 2014 година беа 142 пратеници и еден воздржани, а во гласањето не учествуваа и тројцата пратеници на неофашистичката Златна зора кои се во затвор по акцијата на властите по оваа партија по низата инциденти поврзани со нејзиното дејствување.

Пратениците од левата коалиција Димар којашто во јуни годинава ја напушти владејачката коалиција, гласаше против буџетот барајќи измени на односите меѓу Грција и Европската унија и странските кредитори.

Владата во Атина предвидува дека во оваа година ќе оствари буџетски вишок од 812 милиони евра, благодарејќи на приходите од даноците повисоки од очекуваните.

Претходно се предвидуваше вишок од 344 милиони евра, но Грција и нејзините странски кредитори не се согласуваат со прогнозите за идната година. Грчката економија се намали речиси за четвртина од 2008 година, кога земјата се најде во длабоката финансиска криза и неможноста да го отплатува својот огромен долг.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.