Во централниот дел на Пелопонез од вчера беснее голем шумски пожар. Поради силниот ветер стихијата брзо се проширила и стигнала до неколку населени места чии жители се евакуирани.
Во населбата Ватија, која се наоѓа во областа Мани, испратени се пожарникари и авиони, за да се борат со огнот, кој зафатил нискостеблеста шума.