Mонаси со камења и молотови коктели утринава нападнале извршители, кои дошле да ги истераат од манастирот Еспигмену на Света Гора, соопшти цивилната администрација на Атос.
Од таму соопштуваат дека никој не бил повреден во инцидентот, кој се случи пред манастирот, нема апсења, а извршителите се повлекле.
Според АП, околу 100 монаси од манастриот учествувале во долготрајниот спор со духовниот лидер на сите православни христијани, Вселенскиот патријарх Вартоломеј I, за неговите напори за подобрување на односите со Ватикан.
Монасите се противат на одлуката на судот која вели дека тие треба да го напуштат манастирот, а црквата ќе одреди нивни заменици кои ќе го превземат.