Четиринаесет лица се уапсени, откако грчката полиција заплени речиси тон хероин во складиште близу Атина.
Грчката полиција соопшти дека ова е второ запленување на дрога во изминатава недела.
Пред една недела повеќе од еден тон хероин беа пронајдени во друго складиште во Атина при што уапсени беа 11 лица.
Министерот за трговска морнарица Милтиадис Варвициоти изјави денеска дека тоа е „најголема количина хероин запленета во Европа“.
Според првичните информации, денеска 986,5 килограми хероин се донесени со танкер во Грција и пронајдени во складиште во поморското место Коропи на околу 40 км. од Атина.
Меѓу уапсените најголем број се членови на екипаж од танкерот – 10 се странци и директорот на грчка компанија кој е сопственик на бродот како и тројца други вмешани во аферата.