Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грегорчиќ: Словенија ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ

0
By Biljana on February 28, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Словенечка делегација предводена од претседателката на Комисијата за надворешна политика на Државниот збор на Словенија во работна посета на македонското Собрание. 

„Од Словенија имате постојана поддршка. Ве охрабруваме да ги вложите сите напори и да бидете активен учесник на патот кон ЕУ. Уверени сме дека тивката дипломатија ќе даде резултат на преговорите и оти што е можно поскоро Северна Македонија ќе биде дел од Унијата“, порача претседателката на Комисијата за надворешна политика на Државниот збор на Словенија, Моника Грегорчиќ по средбата со нејзиниот македонски колега и домаќин претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски.

Грегорчиќ која ја предводи словенечката делегација во државава, покрај изразената директна поддршка од Словенија за патот на земјава кон ЕУ, потсети дека Словенија лани претседаваше со Советот на ЕУ и една од нивните цели беше да се постави проширувањето високо на агендата на земјите членки на ЕУ, а Љубљана, вели, излезе со предлог за забрзување на процесот на проширување и во однос на актуелната украинска криза.

„Важно е дека сите зборуваме со еден глас и ја осудуваме Русија за агресијата врз Украина. Словенија даде предлог да се забрза процесот на проширување на ЕУ со земјите кандидати, но во исто време да и се понуди на Украина една временска рамка во која Украина би станала членка на ЕУ. Сметаме дека ова ќе биде уважено и дека ќе се вложат сите напори за ова да стане реалност. Сите заедно како земји членки на Унијата мора да размислуваме за заедничка иднина, да размислуваме глобално, меѓутоа и да размислуваме во насока дека демократијата ќе владее со светот“, рече Грегорчиќ.

Таа на новинарско прашање повтори дека треба да се забрза процесот на пристапување на државите од Западен Балкан во ЕУ со цел, како што рече, да се превенира други играчи да бидат во регионот.

„Веќе се случуваат промени на настаните на континентот и во светот и оттука сметаме дека ЕУ треба да премине од фактор на мека моќ во фактор на тврда моќ и да ги преземе сите мерки во таа насока. И пренесуваме недвосмислена порака на РСМ дека без разлика на изборите кои следуваат во Словенија во април, без разлика на опцијата која ќе победи на изборите поддршката од Словенија останува непроменета. Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ и тоа нема да се смени“, подвлече Грегорчиќ.

Милошоски се заблагодари на континуираната поддршка за земјава да ги отпочне заслужените преговори за членство од 2009 година па наваму, и нагласи дека споделуваат заеднички ставови во однос на ситуацијата поврзана со руската инвазија врз Украина.

Словенечката делегација предводена од претседателката на Комисијата за надворешна политика на Државниот збор на Словенија Грегорчиќ за време на посетата на земјава ќе има средби со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со членовите на Пратеничката група за соработка со словенечкиот Парламент.

ЕУ Моника Грегорчиќ Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.