Наградата за албум на годината ја доби Тејлор Свифт за „1989“, а за најдобра песна беше прогласена „Тинкинг аут лауд“ на Ед Ширан.
За најдобра поп песна во дует/група наградата ја добија Марк Ронсон и Бруно Марс за Уптаун Фанк.
Најмногу номинации имаше Кендрик Ламар – 11, а освои пет Греми, меѓу кои и за најдобра рап песна и рап албум. Тејлор Свифт со Ламар ја подели наградата за најдобро музичко видео за Бед блод.
Во продолжение е листата на сите номинирани и на добитниците на овогодишните Греми награди.