Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грковска на пленарната сесија на CoSP10: Широките проблеми изискуваат сеопфатни решенија, а глобалните проблеми – глобални решенија

0
By Blerina Tahiri on December 12, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се обрати на Пленарната сесија на Конференцијата на земјите потписнички (CoSP), главното тело за креирање политики на Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита од корупција (UNCAC), која се одржува во Атланта, САД.

„Корупцијата не е проблем само на одредени земји, туку глобален проблем кој ја загрозува стабилноста, безбедноста и економскиот развој, ја поткопува довербата во институциите, го намалува квалитетот на јавните услуги, ги крши човековите права и го поттикнува организираниот криминал, тероризмот и незаконските финансиски текови“, истакна вицепремиерката Грковска во своето обраќање.

Таа посочи дека во справувањето  со оваа глобална закана, мора да се работи заеднички за да се искорени корупцијата и да се промовира транспарентно, одговорно и партиципативно владеење во поединечни земји и низ целиот свет. „Бидејќи широките проблеми изискуваат сеопфатни решенија, а глобалните проблеми – глобални решенија“,  изјави Грковска.

Во своето обраќање на пленарната сесија, вицепремиерката истакна дека според истражувањата на јавното мислење во Северна Македонија, корупцијата се наведува како најголем општествен проблем и додаде дека ваквата перцепција на граѓаните во голема мера се должи на фактот што во изминатите години земјата успеа да излезе од децениската состојба на затворена држава и направи огромен чекор напред со отворање на институциите и подобрување на состојбата со медиумските слободи, а тоа директно придонесе за зголемување на јавната свест за овој проблем.

„Во оваа прилика, морам да истакнам дека сум горда што Северна Македонија, според последниот извештај, е единствената земја – потписник што е целосно усогласена со Заложбата за транспарентност на УНКАК“, нагласи Грковска и додаде дека Владата презема голем број чекори во спроведувањето на политиките за добро владеење, а правната и институционалната рамка во најголем дел е усогласена со законодавството на ЕУ.

„За жал, демократскиот напредок што го постигнавме во последните години не значеше инстантна промена во сите надлежни институции, во однос на нивната агилност, ефикасност, посветеност и волја и интегритет доследно да го вршат својот дел од мисијата за градење подобро општество за сите“, изјави вицепремиерката.

Поради воочените слабости во клучните сегменти на системот, додаде таа, се воспостави интензивна координација на сите институции кои имаат надлежност во борбата против корупцијата, од две причини –  да се создаде форма на меѓусебен конструктивен притисок за секоја институција поажурно и поефективно да го исполни својот дел од обврските и заради градење силен меѓусекторски пристап во борбата против корупцијата како клучен предуслов за успех.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.