Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грковска: Не ни требаат реформи на хартија, ни треба ефикасна борба против корупцијата

0
By Marta Pesevska on December 9, 2022 ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Меѓународниот ден на борбата против корупцијата – 9 декември, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на состанокот, што го организираше во соработка со евроамбасадорот Дејвид Гир и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а на кој присуствуваа претставници на сите институции надлежни за борба против корупција, порача дека сите присутни во салата се одговорни за состојбите во државата, вклучително и за степенот на корупција.
-Мора отворено да разговараме за слабостите во системот во делот на корупцијата. Нас не ни требаат реформи на хартија, ни требаат суштински реформи кои ќе значат исполнување на стандардите за членство во Европската Унија, но и ќе овозможат позитивни промени за граѓаните, истакна вицепремиерката Грковска.

 

На состанокот присуствуваа и министрите за финансии и информатичко општество и администрација, Фатмир Бесими и Адмирим Алити, како и потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, претседателката на Комисијата за политички прашања Соња Мираковска, државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски и претседателката на Судскиот Совет Весна Данева.

-Во повеќе наврати кажав дека нема да бидам политички коректна, особено имајќи ги предвид случувањата во правосудството. Не може некој да го руши системот од внатре, а за тоа да се нема одговорност. Независноста која ја дава Уставот не смее да биде сфатена како привилегија, како изговор за самоволие. Таа независност дава уште поголема обврска и уште поголема одговорност, нагласи вицепремиерката Грковска.

Од Владата посочуваат дека евроамбасадорот Гир нагласил дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува земјата, но дека мора да се испорачаат конкретни резултати во справувањето со корупцијата за што е потребен координиран ангажман од сите.

Според вицепремиерот Маричиќ, борбата против организираниот криминал и напредокот на патот кон ЕУ се два меѓусебно зависни процеси кои го забрзуваат процесот на интеграција.

-Политичка волја за справување со корупцијата имаме. Дека сакаме да се променат работиме, сме докажале повеќе пати. Во изминатиот период, донесени се реформски закони во насока на јакнење на независноста на судството и јавното обвинителство и јакнење на механизмите за превенција и борба против корупцијата, но тоа не значи дека сме завршиле сѐ, посочил Маричиќ, додавајќи дека владеењето на правото, независноста на судството и неселективната борба против криминалот и корупцијата остануваат стратешки приоритет на Владата.

Амбасадорот Гир ја поздравил иницијативата на вицепремиерката Грковска и нагласи дека само преку координиран процес и редовно следење на имплементацијата на реформите е можно да се постигнат.

Добар патоказ во кој правец треба да се движат реформите, според вицепремирката Грковска, е Извештајот за напредокот на Северна Македонија подготвен од Европската Комисија, во кој се дадени насоки каде треба да се движиме во сите области.

-Не е доволно само формално да се залагаме или само на хартија да ги исполниме стандардите на Европската Унија, т уку суштински во нашето општество да ги втемелиме вредностите на ЕУ – почитување на човековите права, демократија, владеење на правото и функционална пазарна економија. Владеењето на правото не можеме да го постигнеме доколку имаме селективна правда, доколку немаме ефикасна и неселективна борба против корупцијата, доколку имаме нефункционален систем, доколку имаме судски спогодби, одлуки полни со сомнеж и без никаква транспарентност, порачала Грковска, нагласувајќи дека секоја институција која е дел од ланецот на антикорупциски институции за наредната година ќе мора приоритет да и биде надминувањето на забелешките наведени во Извештајот на Европската Комисија за 2022 година.

Одговорноста од неуспесите, според Грковска, веќе не смее да биде колективна.

-Досегашното искуство покажа дека доколку прецизно не се адресира одговорноста невозможна е промена. Она на што мораме сите да работиме е промена на свеста. Мора да сфатиме дека ние сме тука за граѓаните и за нив работиме. Принципите на добро владеење, транспарентност, отчетност, одговорност, професионалност и ефикасност мора да бидат имплементирани во сите институции. Граѓаните мора да имаат доверба во институциите, а институциите да испорачуваат ефикасни и брзи услуги. Сето тоа ќе ги намали ризиците од корупција, истакнала Грковска.

Во рамки на затворениот дел на состанокот се разговарало за приоритетите за наредната година, при што било нагласено дека секоја институција мора да ја зајакне имплементацијата на Стратегијата за спречување на корупцијата која за жал се движи со забавено темпо. Истовремено било договорено дека приоритетни области на кои во наредниот период мора да се работи се особено во делот на јавните набавки, каде мора да се зајакнат индикаторите за сомнителни јавни набавки, како и во делот на вработувања во јавниот сектор.

Вицепремиерката Грковска ги задолжила сите институции во рок од 10 дена до нејзиниот Кабинет да ги достават приоритетите во однос на имплементација на Извештајот од Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија, но и во однос на Стратегијата за спречување на корупција, по што ќе следи надзор на нивната реализација, информираат од Владата.

Антикорупција Грковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.