Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР со заеднички настап на претстојните избори

0
By Marija Todorovska on March 27, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичките партии ГРОМ – Граѓанска опција за Македонија, ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија и ПЦЕР – Партија за целосна еманципација на Ромите денеска потпишаа коалициски договор за заеднички настап на претстојните избори. Договорот беше потпишан од тројцата партиски лидери Стевчо Јакимовски на ГРОМ, Љупчо Ристовски на ИНТЕГРА и Самка Ибраимовски на ПЦЕР.

Непромена на Уставот, пораст на животниот стандард, социјална заштита на граѓаните, подобро образование, безбедносен систем, енергетика, инфраструктура…се дел од програмата на Коалицијата „Храбро за Македонија“ со која ќе учествуваат на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Јакимовски нагласи дека Коалицијата „Храбро за Македонија“ се формира јасно да каже дека  притисоци, уцени и уставни промени нема да поддржат, ниту пред, ниту по изборите и дека остануваат цврсто на ставот за решавање на оние проблеми кои, како што рече, ни се наметнуваат вештачки.  Потенцира дека клучно за коалицирање после изборите е непромената на Уставот.

– Заеднички став на сите три партии е дека се против уставните промени, против внесување на Бугарите во Уставот без да се затвори целиот пакет на отворени прашања. Сметаме дека за овие прашања не се разговара и не се преговара. Сметаме дека Македонија треба да биде дел од интегративните процеси, но отфрламе со индигнација да се поставуваат нови и нови измислени и нерешливи прашања кои се однесуваат на идентитет, јазик, култура, историја, услови што не се поставени на ниту еден народ и на ниту било која држава при нејзиниот влез во Европската Унија, рече Јакимовски.

Оваа коалиција, како што посочи, предлага реформа на администрацијата – секој да работина место за кое е образован и реформа во образованието како важен фундамент на општествениот развој.

-Имаме сериозни проблеми во образованието. Како еден битен столб од фундаментот на државата и развојот на младите луѓе и сметаме дека на ова прашање треба да се посветиме сите заедно. Услов по усвојување на пратеничките места за било каква коалиција е и реформата во образованието како битен фундамент на општествениот развој, рече Јакимовски.

Справувањето со растечката сиромаштија, како што беше соопштено, ќе го таргетираат со иновативни стратегии и политики и ќе мора да се ослободат фондови со кои ќе се создаваат услови да се поттикне творечкиот потенцијал на секоја индивидуа за да почне бизнис и да создава нова вредност.

Коалицијата „Храбро за Македонија“ ги објави и носителите на избирачките листи во шесте изборни единици со кои ќе учествуваат на парламентарните избори закажани на 8 мај.

Во Првата изборна единица носител на листа ќе биде Добрила Андоновска, во ИЕ2 ќе биде Љупчо Ристовски, во ИЕ3 Јордан Николов, ИЕ4 Ружица Николова, ИЕ5 Самка Ибраимоски и во ИЕ6 Зоран Софрески.

ГРОМ Избори 2024 ИНТЕГРА ПЦЕР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.