НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грошељ: Изјавата на Мицкоски дека нон-пејперот не е на Јанша, туку на Фајон, Пицула и Заев е класична лага

0
By Нова ТВ on April 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Класична лажна вест и теорија на заговор – вели словенечкиот евтопратеник Клемен Грошељ за изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијаn Мицкоски дека премиерот на Словенија и негов пријател Јанез Јанша не бил креатор на нон-пејперот за промена на гранциите на Балканот туку дека тоа го направиле Тања Фајон, Тонино Пицула и Зоран Заев.

– Тоа е типична лажна вест. Во Словенија е секојдневна рутина што и да му оди наопаку на нашиот претседател на Влада, секогаш се бара теорија на заговор. Тоа се лажни вести и теории на заговор со кои се обидувааат да ги намалат негативните последици на надворешно и внатрешно-политички авантури на нашиот претседател на Влада. Никој надвор од Западен Балкан освен нашиот претседател на Влада, никој не споменал, ниту Тања Фајон, ниту Тонино Пицула ниту кој било друг од опозицијата во врска со тој документ. Тоа е само потврда дека ќе се случи големо надворешно политичко фијаско на нашиот претседател на Влада и сега тоа се обидуваат да го ублажат, тоа се некои  теории на заговор, со некои идеи за лажни вести…, изјави Грошељ за ТВ 24.

 Според него, таков документ постои, но не е официјален став на Словенија, туку најверојатно доаѓа од кабинетот на Јанез Јанша во конекции со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Секако тоа не е измислено. Нешто постои, тоа кружеше по дипломатиите на ЕУ. Важно е да се спомне и фактот дека многу дипломатии, Германија, САД, па дури и Русија, сите тие порачаа јасно дека нема никакви промени на границите на Западен.Балкан. Штом тие имале потреба тоа да го кажат, во некоја рака значи дека во суштина таков документ постои. За мене има уште важно прашање, и ќе инсистирам на расправа во Европскиот парламент да се утврди кој е автор или автори на тој документ, бидејќи тој документ оди во спротивен правец на сите документи на ЕУ до сега, наведе Грошељ. 

Нон-пејперот, словенечкиот европратени го поврзува со лични и идеолошки врски меѓу Јанша и Орбан, но и со поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

– Тука има некоја идеолошка, финансиска па и некои други врски меѓу тие луѓе, нон-пејперот потврдува дека имаат некои идеи како Западен Балкан би морал во иднина да се креира, а знаете и дека Унгарија е многу дипломатски активна во Србија, и воопшто на Западен Балкан. Треба да се истакна и дека комесарот одговорен за проширување доаѓа од Унгарија, и тоа е уште еден елемент кој мене ме интересира. Целата таа ситуација фрла друга перспектива на која мора да реагира и Европската комисија, а пред се Европскиот парламент, вели Грошељ. 

Тој оценува дека тоа што е напишано во нон-пејперот може да предизвика тотална дестабилизација не само на Западен Балкан, туку ќе значи и дека ЕУ во својот двор, што го смета како геополитички приоритет, ќе има криза која нема да ја засили, туку ќе ја ослаби Унијата

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.