Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција ja објави одлука за граничните премини, за државјаните на Северна Македонија дозволен влез

0
By Нова ТВ on May 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија е меѓу земјите за кои, веќе и официјално постои исклучок од забраната за влез во Грција, согласно министерската одлука објавена во Службен весник, во која детално се објаснети условите за патување кај јужниот сосед, јави дописничката на МИА од Атина.

За влез во Грција, за сите со наполнети пет години, задолжително е или сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или потврда за прележан Ковид-19.

Со потврда за вакцинација дозволен е влез доколку се поминати 14 дена од ревакцинацијата, а сертификатот треба да биде на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Во случај да се патува со негативен ПЦР тест, треба да биде во рок од 72 часа пред пристигнувањето во Грција, да биде направен во одобрена приватна или државна лабораторија и да биде на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

Алтернативно, патниците кон Грција може да патуваат со потврда дека биле болни од Ковид-19 или да покажат резултат од позитивна дијагноза со ПЦР  или антиген тест, што е валиден од два до девет месеци од датумот на заболување наведен во документот.

Исто така, за сите патници, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), достапен преку интернет страницата https://travel.gov.gr, што треба да биде пополнет пред патувањето, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција.

Сите посетители на Грција, може да бидат подложени на тестирања по случаен избор со брзи тестови при влезот. Доколку се тестираат, ќе треба да ги почекаат резултатите, а во случај на позитивен тест, ќе бидат во 14-дневен карантин.

Од копнените граници кон Северна Македонија, отворен е само Евзони (Богородица).

Согласно министерската одлука, продолжена е забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а исклучок има освен за Северна Македонија и за Австралија, Обединетите арапски емирати, САД, Велика Британија, Израел, Канада, Белорусија, Бахреин, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Катар, Кина, Кувајт, Украина, Руанда, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур и Тајланд.

За прекршување на мерките во конкретната министерска одлука предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
ФОКУС

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

ВЕСТИ October 15, 2025

Руските ракетни и беспилотни летала извршени во текот на ноќта предизвикаа прекини во електричната енергија…

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

October 15, 2025

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.