Грција ќе побара дополнителни средства од ЕУ за подобрување на безбедноста на железницата и итно подобрување на железничкиот сообраќај, соопшти денеска грчката влада.
Во исто време, вработените во јавниот сектор планираат широки протести огорчени од најтешката железничка несреќа во Грција досега, во која загинаа 57 лица минатата недела, пренесува Ројтерс.
Синдикатите велат дека ослабувачката должничка криза што ја зафати Грција од 2010 до 2018 година резултирала со лоша безбедност на железницата, намалување на трошоците и недоволно инвестирање.
Премиерот Киријакос Мицотакис призна дека годините на запоставување на транспортната мрежа можеби придонеле за катастрофата што се случи на 28 февруари.
„Не можеме, не сакаме и нема да се криеме зад човечката грешка“, рече портпаролот на премиерот Мицотакис на денешната прес-конференција.