Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби: Корупцијата е пострашен вирус од КОВИД

0
By НОВА ТВ on September 6, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска, од првиот панел на меѓународната конференција во Скопје порача дека најголемата закана за економиите е корупцијата, а не короната. Почетната основа за економско закрепнување, дополни Груби, е борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Корупцијата, истакна Груби, е пострашен вирус и од КОВИД.

-Мора да почнеме да пријавуваме корупција денес. Не зборуваме за пропаганда или за неосновани партиски обвинувања, туку за вистински аргументирани фактички ситуации и случаи. Да направиме коалиција – Владата, невладините организации, бизнис заедницата, науката, сите да се обединиме и да и застанеме на патот на корупцијата, повика Груби.

Тој напомена дека е неопходно и владеење на правото.

-Корупцијата е нашиот најголем непријател и закана за растот на сите економии, општества и демократии. Го поткопува кредибилитетот на институциите и процесите. Се работи за уште пострашен вирус од КОВИД кога станува збор за закрепнувањето, растот и развојот на економијата. Мора да градиме клима на личен и институционален интегритет, етичко однесување на лично и институционално ниво.  Но, без одржливо владеење на правото не можеме да имаме кредибилни институции и доверба на јавноста кон системот. Некредибилни институции значат недостиг на јавна доверба што доведува до селективна и корумпирана правда, а тогаш немаме стабилни инвестиции, стабилна бизнис клима. Тоа доведува до замена на правниот систем, на најлесниот начин – мито, да се заврши работата, рече првиот вицепремиер.

Според него, сите актуелни предизвици, КОВИД, Авганистан, Кина, Русија, 5Г, Блискиот Исток – произлегуваат од корупција.

Груби нагласи и дека 120 милиони евра се губат на корупција во земјите членки на ЕУ, а 20 до 25 отсто од договорите се сведуваат на корупција. 

Груби Корупција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.