Бранко Црвенковски ќе продолжи од позадина да ја води партијата независно кој ќе победи на утрешниот конгрес на СДСМ, изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на делницата Демир Капија-Смоквица.
– Таму е повеќе од јасно дека кој и да победи од овие кандидати, според нивното однесување досега, тоа ќе биде ситуација во која повторно Бранко Црвенковски од позадина ќе ја раководи партијата затоа што се гледа дека тие повеќе во овој период се борат за милоста на Црвенковски отколку за што било друго, рече Груевски.