Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Да -за предлог Република Македонија(Скопје)во 2011

0
By Нова ТВ on July 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го отвора спорот со СДСМ околу името, после вчерашните взаемни обвинувања со СДСМ, односно со заменик-претседателката Радмила Шеќеринска околу писмото на екс-министерот за надворешни Антонио Милошоски до ГС (генералниот секретар) на ОН за промена на името во република Македонија (Скопје).

ДМПНЕ во денешното соопштение повторно бара од Шеќеринска да каже кое е за неа прифатливо решение, потсетувајќи на ставот и решението на премиерот Груевски:

-ВМРО-ДПМНЕ сака да ја потсети госпоѓата Радмила Шеќеринска и СДСМ на две изјави дадени од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во врска со повторното актуелизирање на темата за односот на Владата на Република Македонија кон спорот наметнат од страна на Грција, а во врска со името на Република Македонија.

>>Писмото на Милошоски до ООН за името 2011

Во првата изјава дадена на 28.02.2011 година Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го истакнува следното:

“Пред Букурешт, тука во Скопје ни беше понудена опција од Нимиц, односно конкретен предлог. А тоа беше името Република Македонија (Скопје).

И ни беше кажано дека тоа е последен предлог пред Самитот и оти треба да се изјасниме. Ние одлучивме да се изјасниме, да го прифатиме, да го ставиме на референдум. Ние одговориме дека немаме мандат, ниту јас како премиер, ниту Владата нема мандат пред граѓаните самата да донесе одлука дали тоа треба или не треба.

Одлучивме да го прифатиме тој предлог како предлог кој може да се стави на референдум за граѓаните да оценат дали тоа е добар или не е добар предлог”.

Во втората своја изјава дадена како одговор на пратеничко прашање на 31.05.2012 година на седница во Собрание на Република Македонија, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го истакнува следното:

„Имајќи предвид дека Грција не го прифати, предлогот не беше ставен на референдум. Тоа не е прифаќање. Тоа е само согласност да им се даде можност на граѓаните во пресрет на НАТО самитот во Букурешт да се изјаснат дали таквиот предлог е добар или не е добар, дали е прифатлив за мнозинството граѓани или не е прифатлив за мнозинството граѓани.

Во такви клучни моменти кога се одлучува на некој самит, нормално и природно е, ако веќе сме се декларирале дека за прашањето конечниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум, нормално е да им ја дадете таквата можност, се разбира ако другата страна го прифати и постои некаква шанса тоа да стане конечно решение“.

Од овие две изјави дадени пред неколку години се гледа јасно ставот на Претседателот Никола Груевски за сите аспекти на отворените прашања. Да потсетиме дека ВМРО-ДПМНЕ има принципиелен и јасно изразен став по однос на потребата било какво решение за спорот да биде ставено на проверка пред граѓаните по пат на референдум.

Таквиот став на ВМРО-ДПМНЕ е во континуитет ист и непроменет од 2005 година па се до денес. За разлика од нас, за жал, СДСМ е партија која во последните година повеќе од пет пати го менува својот став и однос кон ова клучно прашање за Република Македонија.

Дополнително, би сакале да го истакнеме и фактот дека највисокиот меѓународен суд во Хаг, во својата пресуда по спорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, го нотираше и потврди ова што ние го кажуваме, а тоа е дека македонската страна изразила волја предлогот понуден од Метју Нимиц да го стави на референдум.

Ние би биле благодарни доколку Радмила Шеќеринска во иднина не ги избегнува прашањата со отварање на стари и бајати дебати и теми за кои многу пати во овие години се дискутираше и беа изнесени јасни ставови од наша страна.

Тоа што госпоѓа Радмила Шеќеринска треба да го направи е да и соопшти на македонската јавност каков е тој компромис што Грција би го прифатила, а нема да ги загрози националните и државни интереси на Република Македонија. Пред неколку години Шеќеринска ветуваше влез во НАТО и ЕУ за само шест месеци, но никогаш не кажа конкретно како планира да го направи тоа.

Сега вели дека СДСМ е спремна на компромисно решение, но повторно не кажува конкретно какво би било тоа решение, со каков опфат, каква содржина и какви последици за Република Македонија и македонскиот народ. Таа во своите изјави користи воопштени ставови и изрази без никаква прецизна содржина.

Не кажува каков би бил тој компромис, прифатлив за неа и СДСМ, што би не внесол во НАТО и ЕУ и што би бил прифатен од страна на Грција. Очекуваме и ние и целата македонска јавност прецизен одговор.

Должни сме кон јавноста, како партии и ние и СДСМ да имаме зрел пристап за ова исклучително значајно прашање за Република Македонија, а не да се препукуваме, особено вака како што госпоѓа Радмила Шеќеринска наметнува, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.