Премиерот Никола Груевски денеска на средба со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, г-дин Мено Снел, главни теми- економијата и реформските процеси важни за макроекономската стабилност и економскиот напредок на државата.
Груевски ги истакнал реформите и мерките кои се превземаат на планот на поттикнување на инвестициските вложувања, унапредување на трговската размена, како и обезбедувањето на стабилен економски развој.
„Македонија го дава максимумот на полето на обезбедување на долгогодишна макроекономска стабилност со ниска инфлација која во просек изнесува околу 2% во последните 10 години, како и обезбедување на низок буџетски дефицит“, рекол Груевски, соопштуваат од Владата.
Премиерот Груевски изразил благодарност за соработката со ММФ, како и можноста за обезбедување на поволни кредитни линии кои овозможуваат реализација на значајни проекти кои овозможуваат развој.
Извршниот директор на ММФ, Мено Снел истакна дека е добар и плодотворен фактот што Македонија е ангажирана во насока на привлекување на инвестиции и нејзина меѓународна промоција што е значаен фактор на тој план.
Снел со оценка дека Македонија води стабилна даночна политика и макроекономски е стабилна. „Поседувањето на јасна визија, амбиција и стабилност е она што го бараат и ценат инвеститорите“, додаде Снел.