Премиерот Никола Груевски, најавуви дека Владата веќе ги финализира разговорите и за повлекување на нов кредит од 100 милиони евра од ЕИБ.
Од последната четврта транша на кредитната линија од сто милиони евра од Европската инвестициска банка досега се искористени 71 милион евра, во тек на повлекување се осум милиони евра, а дваесетина милиони се очекува да бидат искористени до крајот на годината.
Груевски оцени дека намалувањето на јавниот долг на државата е добар показател во услови на светска економска криза. Јавниот долг заклучно со 31 јули годинава бележи намалување и според Министерството за финансии изнесува 33,6 проценти од БДП. „Процентот од околу 34 отсто е нешто што е петто место во Европа, а тоа е добро“, изјави премиерот Груевски.