Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Народот врие и во еден момент може да му дојде преку глава

4
By Сашка Цветковска on June 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски во своето обраќање вечерва пред неговите сопартијци, по повод 26. роденден на партијата, порача дека „народот вриел“ и се повеќе граѓани од него барале поддршка за конкретна акција. Според него, учесниците во Шарената револуција се платеници, кои работат за туѓи интереси.

-Дека се губи трпението на народот, пред неправдите кои ги гледа, дека се повеќе како претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум под притисок на илјадници граѓани кои на ралзичен начин ме контактираат, барајќи поддршка за поодлучна народна акција, дека ако вака продолжат, колку и јас и моите соработници да сме толерантни, нема да можам да ја држам ситуацијата под контрола. Народот врие и во еден момент може да му дојде преку глава и да влеземе во фаза која нема да e добра за земјата, а најмалку за оние кои глумат некакви револуционери за дебели пари и за туѓи интереси, рече Груевски.

Груевски обвини дека Специјалното обвинителство и опозициската СДСМ станале коалициски партнери.

Прославата по повод 26 години од постоењето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се одржува на летната тераса пред Музејот на ВМРО.

На прославата, присуствуваат неколку стотици одбрани гости, меѓу кои и премиерот Емил Димитриев, претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, претседателката на Унијата на жените на партијата, Даниела Рангелова, Александар Пандов од ГДОМ, и други партиски членови и поддржувачи на партијата.

Слоганот на одбележувањето е „Идеја и дело – посилни од се.

ВМРО ДПМНЕ во историјата на независна Македонија била во власта два пати – еднаш од 1998 до 2011 кога кабинет формираше Љубчо Георгиевски и од 2002 наваму под водство на Никола Груевски. Тоа се и единствените партиски лидери кои се промениле во овие 26 години.

Минатиот роденден партијата го прослави пред новото партиско седиште во Центарот на Скопје со што зградата свечено беше ставена во функција. Таа е најобезбедуваната зграда во државата во моментов, заедно со Музејот на ВМРО кои се под полициска заштита 24/7 откога започнаа протестите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.