Во овој момент постигнати се сите потребни услови за одржување на фер и демократски избори на 24 април, изјави вечерва лидерот на ВМРО ДПМ. Груевски рече дека тој се согласил на новиот датум само затоа што амбасадорите на ЕУ и САД го убедиле во 4 работи.
„Прво, дека ова ќе е единствено пролонгирање, дека до изборите на 5 јуни повеќе нема да има разноразни преговори за изборите бидејќи и тие веруваат дека ДИК има доволно време, дека нема да има никакви нови преговори вклучувајќи го и законот за медиумите и дека нема да има нови проценки“, рече тој.
Тој истакна дека од Али Ахмети добивле уверување дека нема да има друг датум освен 5 јуни, а оценката на САД и ЕУ за подготвеноста на институциите за избори на 24 арпил уште еднаш ја оцени за политичка.
„На оние кои сметаат дека направивме премногу компромиси сакаме да им кажеме дека нашата компромисност се должи исклучиво на вербата во народот. По долги консултации Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ донесе одлука за одложување не со цел да го задоволиме СДСМ, бидејќи тие како и да е ќе бегаат од избори, туку да не оставиме простор да бидеме погрешно разбрани од дел од нашите граѓани како и од оние кои и не и сакаат добро на Македонија“, рече Груевски.