Притворот на Груевски е укинат и судијката нареди негово олсободување затоа што тој има статус на бегалец.
Судијата Ева Варежи, како што пренесоа унгарските медиуми , кажала дека „статусот на бегалец е пречка за секое понатамошно враќање и екстрадиција и тоа е според унгарските закони за азил“.
По соопштувањето на одлуката Груевски кажал дека ја разбира одлуката и дека нема намера да се жали.
Груевски утринава беше приведен по барањето за екстрадиција што го поднесе Министерството за правда за последниот случај во кој тој е осомничен за организатор на крвавиот четврток.
Груевски во Судот го придружуваа полицајци – цивили, а тој беше со очила и безбол капче. На рацете имаше лисици кои ги криеше со палтото.
На барање на адвокатот на Груевски јавноста беше исклучена од судењето поради „чувствителноста на информациите“.
По излегувањето од судницата, Груевски не одговори на прашањата на новинарите.



