Груевски: Односите со ДУИ се влошени
Во интервју за Нетпрес премиерот Груевски ги коментираше односите со коалцискиот партнер ДУИ:
” Имаме несогласувања. За некои наоѓаме решенија, за некои сеуште не. Реков еднаш и пак ќе кажам, односите со ДУИ во првиот и во вториот мандат не се исти. Во вториот се влошени, но сеуште на одржливо ниво. Се додека имаме тренд на зголемување на стандардите во сите сфери, ќе има логика нашето коалицирање” вели Груесвки во интервјуто за Нетпрес.
Понатаму во интервјуто тој се осврнува на начинот на кој делуваат етнички албанските полтички партии.
“Мислам дека албанские политички лидери во Македонија многу повеќе внимание посветуваат на квантитетот на функционерските места, отколку на квалитетот на кадрите кои подоцна ги назначуваат. Квалитет кој ќе го издигне целото општество, а не само една етничка група. Не велам дека нема добри кадри меѓу Албанците. Има. Но, тврдам дека помалку се обрнува внимание на тоа од страна на нивнте лидери и партии, при што не се осврнувам на една или две парти или политичари, туку на сите воопшто” вели Груевски во интервјуто за Нетпрес.