Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски планирал да им го подобри видот на студентите со 655 000 евра

0
By Менче Атанасова Точи on September 19, 2017 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ФЗОМ ќе бара укинување на двата проекти „Модерни очни помагала за студенти и средношколци“ и „Ласерска корекција на диоптрија на студенти“ кои претходната Влада ги одобрила во февруари годинава за кои Фондот треба да субвенционира 655 000 евра и тоа во време кога пациенти во животно загрозувачка состојба имаат потреба да се лекуваат во странство.

Претходната влада планирала да ги модернизира студентите и да им го подобри видот преку два проекти кои биле усвоени во февруари на деведесет и четвртата седница на Владата на РМ.  Со овие проекти студентите и средношколците, како што стои во заклучокот на претходната Влада,  наместо да користат очила ќе можат да користат леќи  за диоптер, со што ќе се намалел психолошкиот притисок и ќе имале подобар вид во период од животот кога најмногу им треба.

За проектите„Модерни очни помагала за студенти и средношколци“ и „Ласерска корекција на диоптрија на студенти“ биле предвидени вкупно 655 000 евра.

Според записникот  до кој дојде НОВА, Владата побарала од Фондот за здравство да го прифати акцискиот план за проектот“ Модерни очни помагала за студенти и средношколци“и да информира за прогресот на проектот во фази.  За таа цел во август годинава требало да се утврдат критериуми и начин за доделување на право за леќи за диоптер за кратковидност и далековидност над 2 диоптрија, а веќе во септември требало да се објави Јавен оглас за обезбедување на фирми преку кои ќе се снабдуваат со леќи.

Во ноември и декември требало да се одлучува кои студенти ќе можат да ја користат оваа здравствена услуга бесплатно. Според одлуката тоа треба да бидат млади луѓе од 14 до 26 години од семејства каде месечните приходи не се поголеми од 32.173 денари. За таа цел биле одобрени  125 000 евра за оваа година и исто толку за наредните две години.

Вториот проект кој треба да го субвенционира ФЗОМ е „Ласерска корекција на диоптрија за студенти“ кој исто така треба да се реализира во три фази, а за таа цел е планирано да се набави апарат за ласерска корекција на диоптрија.

За овој проект за годинава се одобрени 180 000 евра, а во наредните две години биле предвидени по 50 000 евра. Во заклучокот се вели дека со ласерската корекција ќе им се овозможи на студентите да ја елиминираат потребата од носење на очила, а со тоа да се намалат трошоците со купување рамки за очила , стакла, нови контактни леќи и средства за нивно одржување.

Ваквите две популистички мерки се само дел од 40 мерки  кои ги најави Груевски минатата година. Напоредно со него сетот на мерки го промовираше и Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ. И информациите до кои дојде НОВА  укажуваат на фактот и дека се подготвувани во кујната на УМС на ВМРО ДПМНЕ.  Со едниот проект треба да им се коригира видот со ласер на студентите за да не носат леќи, а вториот пак, треба да им овозможи бесплатни леќи на студентите и средношколците за не купуваат очила.

Во Фондот за здравствено осигурување се фрапирани од ваквите популистички мерки,( од кои Груевски стигна да ја промовира само едната). Од таму велат дека мерките не се имплементирани во пракса и дека ФЗОМ ќе бара од Владата да бидат укинати. Од таму прашуваат како е можно да се трошат пари на вакви проекти кога луѓе со тешки дијагнози и во животно загрозувачка состојба имаат потреба да се лекуваат во странство.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.